Даниел Тренчовски поранешната звезда на „Гранд“кој живее во Франција, реши во новата 2025 година да ги изненади своите фанови и обожаватели со нов музички проект на кој месеци наназад работеше, станува збор за еден од најскапите спотови како во Македонија така и на Балканот.
Очигледно е дека пејачот не штедел, па за првпат во својата кариера сними високобуџетен спот за новата песна која носи назив „Беле заставе“.
Се работи за емотивна нумера која ја воодушеви публиката со зимската идила на планина во Босна и Херцеговина, потоа популарната мечка од Инстаграм со која пејачот е во близок контакт, а и филмската приказна која ја следи песната овој негов спот го става во најдобрите и најскапите на овие простори досега.
Интересно е што, на одушевување на сите, музиката и текстот, за првпат Даниел ги напишал сам, а ни романтичните кадри никого не оставија рамнодушен.
Следете не, не има насекаде