МВР информира дека вчера попладне во 16.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје женско лице паднало од висина од станбена зграда.
Излезено е на лице место и констатирано е дека се работи за лицето М.Ф.(27) од Кратово, со престој во Скопје, која била пронајдена почината, што е констатирано од страна на Итната медицинска помош.
По насоки на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Следете не, не има насекаде