За жал, само за свои политички цели пратениците од тогаш опозициската ДПМНЕ го кочеа овој проект како опозиција. Во Комисијата за финансирање и буџет ВМРО-ДПМНЕ со месеци го кочеше предлогот на законот за грант вреден 14 милиони евра, кој беше потребен за завршување на овој експресен пат, рече Бочварски
Овој проект беше започнат од СДСМ во 2018 година и над 90% беше веќе реализиран до средината на 2024 година, вели поранешниот министер за транспорт и актуелен пратеник на СДСМ, Благој Бочварски, за завршувањето на експресниот пат Страцин – Крива Паланка, кој денеска официјално ќе биде пуштен во употреба со свеченост на која е најавено присуство на премиерот Христијан Мицкоски.
Станува збор за стратешки проект, стратешка инвестиција која е многу важна за развојот на североисточниот регион и значително ќе придонесе за подобрување на поврзаноста, за економскиот раст и развој, како и за квалитетот на живот на граѓаните на Крива Паланка и околината, потенцира Бочварски.
„Да не беа блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, овој пат можеше многу порано да се заврши во текот на 2024 година. За жал, и само за свои политички цели пратениците од тогаш опозициската ДПМНЕ го кочеа овој проект како опозиција. Тогаш во Комисијата за финансирање и буџет ВМРО-ДПМНЕ со месеци го кочеше предлогот на законот за грант вреден 14 милиони евра, кој беше потребен за завршување на овој експресен пат. Но, како и да е, денес зборуваме за завршен патен правец и граѓаните од утре ќе може да ги почувствуваат придобивките за стратешките проекти започнати во време на владата на СДСМ“,
рече Бочварски.
Следете не, не има насекаде