јануари 7, 2025

Дефектите на автобусите на ЈСП од месец на месец стануваат се почести па шансите безбедно и на време да стигнете ако се возите со градски автобус станаа еднакви на лотарија.

Вечерва повторно се расипа автобус на ЈСП.

Станува збор за еден од двокатните автобуси од кинеската „Јутонг“ од линијата 22 кој застанал непосредно пред надвозникот кон населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров.

Според сведоштва од граѓани, автобусот стои неподвижен повеќе од половина час додека се чека негова замена, иако автобазата на ЈСП во Ѓорче Петров се наоѓа само на 500тини метри од локацијата каде автобусот застанал.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK