Извлечен е костурот за првиот Гренд слем турнир во сезоната, Австралија опен. 10-кратниот освојувач на турнирот Новак Ѓоковиќ, има тежок пат во Мелбурн.
Ѓоковиќ со бранителот на титулата, Јаник Синер, може да се сретна само во евентуалното финале. Меѓутоа во четвртфиналето го чека Карлос Алкараз, а во полуфиналето Александар Зверев.
Турнирот Ѓоковиќ ќе го започне против Американецот Нишеш Басавареди. Во вториот ќе игра против Павел Котов или квалификант, а можни ривали во третиот круг му се Опелка/квалификант/Нагал/Махач.
Јаник Синер го отвора турнирот против Николас Џари од Чиле, а потоа продолжува на подобриот од дуелот Даниел – Скулкејт.
Саша Зверев во првото коло ќе се соочи со Лукас Пуј, а доколку победи во второто коло ќе се соочи со Дардери или Мартинез. Негов проектиран противник во третото коло е Ник Кирјиос, кој игра со Џејкоб Феарнли во првото коло.
Тејлор Фриц го започнува турнирот пред Џенсон Бруксби, а Карлос Алкараз во првото коло ќе игра против Олександр Шевченко.
The post Тешка ждрепка за Ѓоковиќ на Австралија опен appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде