Манчестер сити ќе потпише договор со 18-годишниот бразилски централен бек Витор Реис од Палмеирас. Младиот фудбалер го прифатил договорот со англискиот шампион, а Палмеирас би требало да заработи околу 40 милиони евра.
Витор Реис во кариерата одигра 22 професионални натпревари и постигна два гола. Тој претходно одигра 16 натпревари за младинскиот тим на Палмеирас. Младиот дефанзивец, според „Трансфермаркт“ вреди 14 милиони евра. Важи за еден од најталентираните бразилски фудбалери и иден сениорски репрезентативец.
Може да игра и како десен бек, а неговиот талент за прв пат беше препознаен пред осум години од фудбалската школа на Робињо (Р10 академија) во Параиба.
The post Сити ќе плати 40 милиони евра за бразилски тинејџер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде