јануари 9, 2025

Џејмс Вудс се расплака за време на вчерашното интервју за Си-Ен-Ен додека зборуваше за разорниот пожар во Пацифик Палисадес, Лос Анџелес, кој го уништи неговиот дом.

„Нашата прекрасна мала куќа“, рече тој, објаснувајќи како со неговата сопруга Сара Милер-Вудс поминале голем дел од пандемијата „Ковид-19“ живеејќи во хотел додека нивната куќа била реновирана. Во реновираниот простор се вратиле минатиот месец.

Мислев дека ќе бидам посилен од ова, изјави 77-годишниот актер, кој во текот на интервјуто неколку пати се расплака, зборувајќи за ужасната ситуација во неговото соседство.

„Еден ден пливате во базенот, а следниот ден сето тоа го нема“, рече Вудс, говорејќи во етерот со водителката на Си-Ен-Ен, Памела Браун.

„Некои работи ќе расплачат дури и возрасен маж“, напиша тој на „Икс“. Вудс емитуваше видео во живо од пожар во близина на неговиот дом на „Икс“ и објави дека пламенот беснее низ куќата на соседот. Неколку часа подоцна, тој открил дека детекторите за чад во неговата куќа испраќаат сигнали до неговиот телефон, што значело дека пожар го зафатил неговиот имот.

„Не можев да верувам дека нашиот убав мал дом траеше толку кратко. Чувството е како да изгубиме некој близок“, напиша тој на „Икс“, додавајќи: „Тоа ја тестира вашата душа, губите сè одеднаш“.

Share

The post Џејмс Вудс заплака откако го загуби домот во пожар: „Еден ден пливате во базенот, а следниот ден сето тоа го нема“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK