Греам Потер (49) е нов тренер на Вест Хем. Поранешниот тренер на Брајтон и Челзи потпиша договор на две и пол години.
Потер го наследи Шпанецот Хулен Лопетеги, кој доби отказ. Вест Хем на 14. место во Премиер лигата со една победа во последните пет кола. Шпанецот го водеше клубот од јули 2024 година.
Потер не работеше никаде две годино кога доби отказ од Челзи. За време на неговата кариера, тој ги водеше и Лидс Карнеги, Естерсунд, Свонси Сити и Брајтон.
Тој го водеше Челзи од 8 септември 2022 до 2 април 2023 година. На 31 натпревар постигна 12 победи, осум нерешени и 11 порази.
Својот талент го покажа во Остерсунд, Шведска. Тој го водеше тој клуб од 2011 до 2018 година и успеа да го донесе од пониските лиги во елитната шеведска дивизија и дури избори место во Лига Европа. Потоа, тој продолжи во Англија, особено добар беше неговиот мандат во во Брајтон, во периодот од 2019 до 2022 година.
The post Потер го презеде Вест Хем appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде