Џејми Ли Кертис се појави на шоуто на Џими Фалон во средата вечер, каде се осврна за разорните пожари што го опустошија Лос Анџелес. Кога се појави во студиото, публиката ја поздравила со аплауз, а 66-годишната актерка признала дека се чувствува како „да ќе заплаче во секој момент“.
„Како што знаете, местото каде што живеам е во пламен во моментов. Буквално, целиот Пацифик Палисадес е во пламен“, рече таа, додавајќи дека за пожарот дознала додека летала за Калифорнија.
„Страшно е луѓе. Катастрофа е во Јужна Калифорнија. Страшни пожари зафатија многу места. Таму живеам јас“, рече таа, додавајќи дека многу нејзини пријатели ги загубиле своите домови.
The post (Видео) Џејми Ли Кертис совладана од емоции поради пожарот во Лос Анџелес: „Ова е ужасно“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде