Изложувањето на сонце е од суштинско значење за човековото здравје бидејќи е еден од главните извори на витамин Д, кој е неопходен за различни функции во телото. Сепак, исто така е важно да се најде рамнотежа бидејќи прекумерната изложеност може да го зголеми ризикот од рак на кожата и други проблеми.
Затоа, многумина ќе се запрашаат колку време всушност е потребно за да се обезбеди доволно витамин Д. Имено, оптималното време на изложување на сончева светлина зависи од повеќе фактори.
Луѓето со посветла кожа имаат тенденција да произведуваат витамин Д побрзо од оние со потемна кожа. Генерално се препорачува луѓето со светла кожа да поминуваат помеѓу 10 и 30 минути на сонце неколку пати неделно.
Во областите поблиску до екваторот, каде што интензитетот на сонцето е поголем, потребно е помалку време за да се добие доволно витамин Д. Спротивно на тоа, на повисоки географски широчини или во зима, може да биде потребно повеќе време на отворено.
Производството на витамин Д е најефикасно кога сонцето е на највисоката точка, која обично е помеѓу 10 и 15 часот. Во тие часови се препорачува кратко изложување, односно помеѓу 10 и 30 минути, во зависност од типот на кожата.
Инаку, витаминот Д игра клучна улога во здравјето на коските, имунолошкиот систем и регулирањето на расположението. Главниот извор на витамин Д е изложувањето на сончева светлина, што и овозможува на кожата да го синтетизира овој витамин. Без доволно витамин Д, луѓето може да доживеат слаби коски, зголемен ризик од инфекции и ментални проблеми.
Следете не, не има насекаде