јануари 10, 2025

На 62 години, вчера, почина др Лилјана Пренџова специјалист интернист, гастроентерохепатолог, лекарка со долгогодишен работен стаж во јавното и во приватното здравство како и прва со специјализација за гастроскопија и ентероскопија како во велешката болница така и во приватна амбуланта во Велес и во Македонија, објави локалниот портал duma.mk.
Др Пренџова е родена на 2 април 1962 година во Велес. По гимназиското образование во родниот град таа се запишува на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ чиј дипломец е во генерацијата 1986/87 година.

Работниот век на др Пренџова започнува во Итна помош на тогашниот Здравствен дом во Велес. По едногодишна работа, поради потребата од лекари специјалисти на Интерно одделение во велешката Општа болница, примена е на работа на ова одделение, со определба за специјализација на интернистичката гранка гастрентерохепатологија.

Др Пренџова заедно со уште три тогаш млади лекарки ја добива специјализацијата во 1993 година и за четири години, поточно во декември 1997 година, ја завршува со што таа е првиот интернист со ваква специјалност во Велес додека пациентите добиваат можност за дијагностика и лекување на болести на органите од системот за варење на храната како што се хранопроводник, желудник, црева, црн дроб и панкреас. Др Пренџова е првата специјалистка која во родниот град ги прави прегледите гастроскопија и колоноскопија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK