Илјадници луѓе останаа без покрив над главата, без сѐ што имаа, а многу од куќите кои изгореа до темел беа во сопственост на некои од најголемите светски ѕвезди во Калифорнија, каде што големите шумски пожари веќе два дена уништуваат се што им сè.
И Принцот Хари и Меган Маркл би можеле да добијат наредба да се евакуираат и да го напуштат својот дом во Монтесито, Калифорнија.
Домот на војводата и војвотката од Сасекс би можел да биде погоден од прекин на струја бидејќи имотот на семејството се наоѓа во округот Санта Барбара. Таму се размислува за прекини на струја поради јавна безбедност, пренесува „Н1“.
Голем дел од Монтесито, исто така, е прогласен за област со „висок ризик од пожар“, а веќе се издадени предупредувања за прекин на електричната енергија.
Иако, пожарот моментално е малку подалеку од нив, тие се шокирани од ситуацијата и будно го следат развојот на настаните. Со предупредувања за прекин на струја, Меган Маркл и принцот Хари можеби ќе треба да се евакуираат со нивните две деца, Арчи и Лилибет.
Следете не, не има насекаде