Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни точки”, вели Герасимовски.
Општина Центар е во постојана комуникација со граѓаните од сите населби на својата територија и продолжува со координација со градските служби за навремено и ефикасно справување со сите предизвици што ги носат снежните врнежи.
Следете не, не има насекаде