јануари 12, 2025

Вчера во 08.39 часот во полициска станица во Битола било пријавена сообраќајна несреќа која се случила на ул. „Филип Втори Македонски’’ и ул. „Цане Василев’’ во Битола.

„Во несреќата учествувале товарно возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(24) од Битола и товарно возило „нисан” со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(41) од Битола, по што возилото „фиат” удрило во пешак З.Г.(55) од Р.Грција. З.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидната екипа на СВР Битола“, се вели во билтенот на МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK