Во угостителски објект во гостиварското село Добридол, полицијата извршила контрола ноќеска и затекнала седум странски државјанки кои ја злоупотребиле намената на туристичкиот престој во Македонија.
Девојките, на возраст од 22 до 34 години, потекнувале од Јужна Америка – пет биле од Бразил, а по една од Колумбија и Венецуела.
Министерството за внатрешни работи информира дека странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.”
Следете не, не има насекаде