јануари 15, 2025

Во нов случај на семејно насилство во Скопје, сопруг вчера ја нападнал сопствената сопруга, а ѝ го оштетил и автомобилот, соопшти полицијата.

„Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Т.(43) од Скопје, кој потоа го оштетил нејзиното возило“, велат од полицијата.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK