Лентата за трчање за многумина е ноќна мора и главно никој не се радува кога ќе дојде време за тој дел од тренингот. Сепак, благодарение на TikTok, овој уред наскоро би можел да стане ваш најдобар пријател!
Имено, фитнес трендот 12-3-20 е сосема нов начин на вежбање кој ќе им се допадне дури и на оние кои навистина не се љубители на трчањето. Да, добро прочитавте! А еве за што се работи.
Станува збор за трчање на лента за трчање кое вклучува одреден редослед на вежби. Имено, на почетокот потребно е да се трча 12 минути со брзина од 3 милји на час (4 км на час), а потоа да следи пешачење во траење од 30 минути.
Самиот концепт го осмисли инфлуенсерката Лорен Жиралдо, која го лансираше овој тренд на YouTube во 2019 година. Сепак, дури сега, преку TikTok, стана планетарно популарен.
„Се плашев од теретана и не бев мотивирана. Потоа дизајнирав ваков тип на трчање на лента за трчање“, признала Лорен и додала дека изгубила 13 килограми благодарение на овој начин на вежбање.
По нејзиното видео во кое објаснува како ги изгубила вишокот килограми, многу девојки (и момчиња) го испробале овој тренд. Ако им се верува на нивните сведоштва, ваквиот начин на вежбање навистина дава резултати, а првите се видливи по само еден месец.
Но, дали 12-3-30 е добар начин за вежбање?
Овој тренд се фокусира на одење, а пешачењето е одличен тренинг со низок интензитет. На овој начин ги зајакнуваме коските и мускулите, ја подобруваме рамнотежата и координацијата на движењата, а истовремено го намалуваме ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.
Покрај тоа што може да се проба на траки за трчање, овој тренд е погоден и за тренинзи на отворено.
Секако, нема да им се допадне на сите, затоа што на некој едноставно не му се допаѓа трчањето (или не треба, од здравствени причини), затоа не се форсирајте.
Погледнете како изгледа тренингот и неговите резултати:
Следете не, не има насекаде