Челзи го врати дефанзивецот Тревор Чалоба, кој пред шест месеци замина на позајмица во Кристал Палас.
Покрај Марк Гуехи, Чалобах игра одлично сезонава, а „Сините“ во последно време мака мачат и со резултати и со повредите и лошата форма на централните дефанзивци.
Енцо Мареска реши предвреме да го врати Чалоба, со оглед на тоа што позајмицата на англискиот интернационалец важеше до крајот на јуни.
Чалоба одигра 12 натпревари за Кристал Палас во Премиер лигата оваа сезона и успеа да постигне три гола. Беноа Бадијашил и Весли Фофана се надвор од терените поради повреди, а Аксел Дисаси и Лои Колвил не се константни во она што го прикажуваат на теренот.
Тревор Чалоба е дете на Челзи, ќе добие нова шанса на „Стенфорд Бриџ“, доколку ја искористи ќе добие нов договор.
The post Челси го врати Чалоба од Кристал Палас appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде