Македонскиот пејач Јоце Панов по 50 објавени песни најавува голем солистички концерт на 8 Март во Македонска филхармонија.
„По повод 25 години кариера одлучив да и се оддолжам на мојата публика, на сите оние кои ме поддржуваат и повеќе од две децении се присутни на моите настапи. Во секоја песна оставам дел од својата душа. Љубовта која ја добивам од мојата публика е мојот извор на енергија и мотивација за секој следен проект”, вели Панов.
Настанот ќе го носи името „Јоце Панов за дамите“. Тимот на Панов најавува ексклузивна сцена, голем оркестар, рози и многу изненадувања.
The post Јоце Панов со концерт во Филхармонија за 8 Март: Одлучив да се оддолжам на публиката за 25 години кариера appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде