јануари 16, 2025

Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14. јануари, информираат денеска преку пишано соопштение од Клиничка болница-Штип.

– Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница-Штип на 14. јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Инаку, според информациите од Клиничка болница-Штип, деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје е од општина Свети Николе.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK