септември 23, 2024
Сомалиските власти вчера соопштија дека екстремистичката група Ал Шабаб првпат побарала да почне разговори. Барањето уследи по преземената воена офанзива што Владата во Могадишу ја опиша како „тотална војна“.

– Ал Шабаб побара да почне разговори со сомалиската Влада, но има две крила во организацијата. Во првата фракција се странците, а во втората се локални припадници. Тие имаат шанса да започнат преговори, но странските борци кои ја нападнаа нашата земја немаат право да преговараат. Единствената опција за нив е да се вратат таму од каде што дојдоа, изјави сомалискиот заменик-министерот за одбрана Абдифатах Касим.

Тој додаде дека „што се однесува до Сомалијците, ние сме подготвени да ги прифатиме сè додека тие се подготвени да ѝ се предадат на сомалиската Влада“.

– Тие мора да ги следат упатствата на властите, да се реинтегрираат во општеството или да се соочат на фронтот со Сомалиската национална армија, посочи Касим.

Ал Шабаб, група поврзана со Ал Каеда, сè уште не ги коментираше наводите на сомалиската Влада.

Групата Ал Шабаб извршува бомбашки напади во Могадишу повеќе од една деценија и контролира територија во централните и јужните делови на земјата, комплицирајќи ги напорите за обнова на земја по децениски конфликт.

Федералната влада на Сомалија претходно соопшти дека е отворена за разговори со Ал Шабаб, но првпат властите објавуваат дека екстремистичката група побарала разговори.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK