септември 23, 2024

На социјалните мрежи масовно се споделуваат информации за обиени домови за време на новогодишните празници во главниот град Скопје.

За иронијата да биде уште поголема најголемиот дел од кражбите се во „дворот“ на министерството за внатрешни работи во скопската населба Црниче, каде „оперира“ група на крадци кои со месеци предизвикуваат страв и немир кај жителите на оваа скопска населба.

Последната кражба се случила токму на Нова Година.

Лоповите кој ме посетија на 31.12.2022 се паркирале кај мене во двор во 20.45ц. знаци 0.30 мин. по моето излагување и тоа со темно сива МАЗДА 2 таблици непознати,и тоа четворица веројатно откако ме прателе кај сум отишол, пишува ограбениот граѓанин.

Тој потенцира дека граѓаните треба да бидат внимателни и со оглед на фактот што полицијата не прави доволно спремни се правдата да ја земат во свои раце.

-Народе посебно од населба ЦРНИЧЕ пазете,гледајте и јавувајте кај и да го видите ваквото возило и не барајте помош од полиција,само алармирајте,не се секирајте ке ги фатиме сами, пишува ограбениот црничанец.

Во друга објава на социјалните мрежи се говори за обид за грабеж на улицата Наум Охридски.

-Предупредување на соседите. Ул. Наум Охридски 67,1 кат. Пред 30 минути провалници да се качат на балконот во нашиот стан ги скршиле вратите и влегле внатре. Имавме среќа што во тој момент се вративме дома и ништо не беше украдено, вратите на балконот се оштетени. Повикана е полиција. Грижете се за вашиот имот! Ве молиме споделете секаде каде што мислите дека ќе биде корисно, стои во објавата.

Десетици вакви објави масовно се споделуваат на социјалните мрежи, а незадоволството на граѓаните од работата на полицијата е огромни имајќи во предвид дека до дел од пријавените локации се на само стотина метри од МВР.

До овој момент по улиците на скопската населба ниту е забележано зголемено полициско присуство, ниту полицски патроли кои би ги пишманиле крадци од нивните намери.

Иако овој проблем трае со месеци, полицијата очигледно не е способна да ги пронајде сторителите па граѓаните се оставени на милост и немилост.

infomaks.mk

The post Масовно се краде во дворот на МВР appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK