април 20, 2026

Јаник Синер се мачеше во осминафиналето на Австралија опен, жестината му направи сериозен проблем. .

Синер се пласираше во четвртфиналето на првиот Грен слем сезонава со победата над Холгер Руне со 6:3, 3:6, 6:3, 6:2.

Сепак, натпреварот во Мелбурн беше сè само не обичен, бидејќи го одбележаа екстремни жештини, прекини и бизарен дефект на теренот.

Од топлото време, Синер во еден момент не можеше да стане од столчето поради што побара лекарска помош Лекарскиот тим го однесе во соблекувалната, каде што помина извесно време. Клучна улога во неговото закрепнување имаше Улисес Бадио, поранешниот физиотерапевт на Новак Ѓоковиќ, кој за Синер подготви специјален пијалок и му го испрати преку редарот.

Синер успеа да се опорави и го продолжи натпреварот. На почетокот на четвртиот сет дојде до нов прекин, овој пат од бизарна причина.

Додека сервираше, топчето на Синер ја погоди конструкцијата на мрежата, која и покрај тоа што беше безбедно прицврстена, се скрши.

Промената на мрежата траеше дури 20 минути, што дополнително го продолжи мечот.

Share

The post (Видео) Синер посилен од жештината и Руне, избори место во четвртфиналето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK