април 20, 2026

Иванка Трамп присуствуваше на вечерта во Националниот музеј за градежништво во Вашингтон, одржана ден пред инаугурацијата на нејзиниот татко, Доналд Трамп.

43-годишната Иванка била на вечера со Илон Маск и Џеф Безос. Дејли Мејл пишува дека во еден момент ја прегрнала вереницата на Безос Лорен Санчез. Иванка за оваа пригода носеше долг фустан од Оскар де ла Рента, украсен со бројни кристали и бисери во облик на цвеќе.

На вечерата бил и братот на Иванка, Доналд Трамп помладиот, кој дошол со својата девојка Бетина Андерсон. Присутна беше и неговата поранешна свршеница Кимберли Гилфојл. Вечерата не ја пропушти ниту новоизбраниот потпретседател Џеј Ди Венс, кој беше придружуван од неговата сопруга.


Share

The post Иванка Трамп пристигна на вечерата пред инаугурацијата на нејзиниот татко, во фустан украсен со кристали appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK