април 20, 2026

Пожарот е локализиран, корисниците евакуирани, информираат од домот за стари лица „Доктор Јанески”, откако утринава пожар изби во објектот во кавадаречкото село Чемерско.

-Пожарот што го зафати дел од кровот на домот е локализиран. Сите корисници безбедно се евакуирани и однесени во Општа болница, каде ќе останат неколку дена, соопштија од Домот.

Оттаму упатија голема благодарност до градоначалникот Митко Јанчев, противпожарната служба, итната медицинска помош, директорката на болницата и сите што помогнале за сите корисници на услугите во домот, за кои сега бил обезбеден престој со истата услуга, во хотел во Кавадарци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK