април 21, 2026

Максим Димитриевски коментирајќи ја одлуката на Кривичен суд за уважената амнестија за организаторите на 27-ми април, во студиото на ТВ21 ја покажа лузнат од тој ден.

Вели дека утре треба да се јави во суд бидејќи има закажано рочиште токму за тој случај и штетата која тој ја претрпел. Во емисијата Клик Плус на ТВ21, Димитриевски вели дека вистинските виновници за „27-ми април“ никогаш не биле изведени пред лицето на правдата.

Беа осудени лица за дела кои всушност не ги направиле. Бев присутен во момент кога се самозаштитував себеси, имав на моменти рефлексни реакции за да се одбранам себеси или пак некој од моите колеги пратеници во тој момент. Гледам луѓе кои се обвинети на отслужување на казна затвор а знам дека не пипнаа никого со прст во мое присуство, од друга страна знаеме дека луѓе кои што буквално со метални предмети, конкретно мене, не млатеа по глава и тие не се на отслужување на казна. Да не беа отворени вратите на Собранието таа незадоволна толпа ќе останеше надвор, не се влегува така лесно во Собрание“, вели Димитриевски.
Извор:4News

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK