април 21, 2026

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Австралија опен, откако му го предаде мечот на Александар Зверев.

По завршувањето на првиот сет, Ѓоковиќ се доближи до мрежата и му ја соопшти својата одлука на Германецот, очигледно неспособен да го продолжи мечот поради повреда.

Двајцата тенисери одиграа 81-минутен сет кој Зверев го доби во тај-брејк (7:6), Во текот на сетот Ѓоковиќ се обиде да ја ублажи болката со апчиња, но овој пат тоа не му помогна.

Раптурата на мускулот што ја доживеа на дуелот против Карлос Алкараз овојпат беше посилна од него.

На крајот откако го предаде мечот, помал дел од публиката реши да го исвирка Новак, очигледно незадоволни од тоа што платиле билети само за еден. сет.

Ѓоковиќ потоа на прес-конференцијата објави дека ова би можело да му биде последен Австралија опен.

Share

The post (Видео) Ѓоковиќ го предаде мечот – Зверев прв финалист на АО appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK