април 21, 2026

Филаделфија ја прекина серијата порази против најдобриот тим во НБА лигата. Без Џоел Ембид, Филаделфија ги победи Кливленд Кавалирс со 132:129. Прв пат од почетокот на сезоната, лидерот на табелата забелажа два порази во низа.

Филаделфија на овој меч ја предводеше Пол Џорџ, кој за 36 минути постигна 30 поени, Тајрис Макси постигна само еден поен помалку со седум асистенции, додека Кели Убре забележа трипл-дабл со 22 поени и скокови. Дабл-дабл учинок на овој меч имаше и поранешниот играч на Реал Мадрид, Гершон Јабусуле со 12 поени и 13 скока.

Кливленд на овој меч беше поразен и покрај нереалната вечер на Тај Џером, кој го заврши натпреварот со 33 поени и беспрекорен учинок за три поени (8/8). Тој не беше најефикасен на овој меч, бидејќи Донован Мичел постигна 37 поени и седум скока. Единствен двоцифрен играч на Кавс покрај овие двајца беше Дариус Гарланд со 26 поени.

Мемфис ја забележа петтата последователна победа на гостувањето кај Њу Орлеанс (139:126).

Гризлис ја зацврстија својата позиција на третото место на Запад.

И на овој меч блескаше Џерен Џексон кој ги пополни сите колони со 29 поени, седум асистенции и пет скока. Одлична партија имаше и Лук Кенард со 27 поени, а Дезмонд Бејн забележа 20 поени и 14 скока.

За Пеликанс, Мареј постигна 26 поени со седум скока, додека Меколум го заврши натпреварот со 22 поени, исто колку што постигна и Марфи.

Share

The post (Видео) Филаделфија без Ембид го победи лидерот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK