април 21, 2026

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не може да се помири со фактот дека Кајл Вокер ги напушти „граѓаните“.

Репрезентативецот на Англија одлучи да се пресели во Милан, оставајќи го тренерот на актуелниот шампион во Премиер лигата неутешен.

Сити сезонава се соочува со големи проблеми, се наоѓа на петтото место во домашното првенство, а во Лигата на шампионите се соочува со елиминација уште по првата фаза.

Сега Гвардиола мора да го преживее фактот дека неговите најдобри играчи си заминуваат од неговиот тим.

„Кајл Вокер одлучи да си замине… Најсилниот, најбрзиот дефанзивец што го имаме одлучи да го напушти клубот“, рече Гвардиола и му се заблагодари на Вокер за се што направи.

„Тоа му го кажав лично, му го кажав пред тимот. Му посакувам само успех, нему и на неговото семејство“, подвлече Гвардиола.

Share

The post Гвардиола неутешен за Вокер: Замина најсилниот дефанзивец appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK