април 21, 2026

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе испитува дали некој ги саботира нивните автобуси откако денеска изгоре еден од украинските автобуси во скопската населба Сопиште. Во изјава за Телма, директорот на Јавното претпријатие Драги Кушовски вели веќе имаат одредени сознанија.

-Имаме одредени сознанија. Да видиме дали тие сознанија ќе ни се потврдат или не. Дали можеби некој намерно или ненамерно од разни нему познати причини може да придонесува за неколку пати да се случуваат вакви работи, смета Кушовски.

Ова трет случај во последните шест месеци. Во јули минатата година автобус на ЈСП се запали во Бутел. Тогаш причината беше електричната инсталација. Истиот месец, претходно, автобус од пожар настрада и на Железничката станица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK