април 21, 2026

Пеп Гвардиола одлучи на овој меч да играат двајца дебитанти од првата минута. Станува збор за египетскиот напаѓач Омар Мармуш и стоперот од Узбекистан Абдукодир Хусанов. Хусанов беше речиси трагичар. Тој беше директно одговорен за голот на Челзи, а минута подоцна доби и жолт картон. Сепак, ја имаше поддршката од Гвардиола.

„Не му е лесно. Еднаш тренираше со нас и веднаш потоа играше против Џескон, Палмер, Мадуек, Санчо… Кога ќе купиш толку млад играч, неговата интеграција и адаптација е процес. Тој ќе научи. Ваквите постапки се најдобрите лекции што може да ги добие еден млад играч“, изјави Гвардиола.

Познатиот стручњак даде хумористичен одговор на прашањето дали помислил да го извади Хусанов по пет минути.

„Па, морам да научам руски или узбекистански за да комуницирам со него. Имено, тој не зборува англиски!“ се насмеа Пеп.

 

Share

The post Духовит Гвардиола: Би го заменил Хусанов да знам руски appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK