декември 26, 2024

Раководството на бундеслигашот Борусија Менхенгладбах се откажа од намерата да го продаде клупскиот голман Јан Зомер на минхенски Баерн.

Германскиот шампион е во проблеми на голманската позиција, бидејќи стандардниот чувар на мрежата Мануел Ноер се повреди и ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.

Баерн и Борусија беа во поодмината фаза на преговорите за трансфер на швајцарскиот репрезентативен голман Зомер, кој од 2016 година е дел од тимот од Менхенгладбах, а информациите говореа дека двете страни за кратко време постигнале „заеднички јазик“.

Сепак, дел од германските медиуми викендов објавија дека ситуацијата драстично се променила.

– Не сакаме да го продадеме Зомер и тоа јасно ѝ го ставивме до знаење и на нашите колеги од Баерн. Нема да има ништо од таа работа, изјави спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Роланд Виркус. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK