Брзата помош интервенирала и го пренела во болницата во Пирот, каде што бил реанимиран, крварењето на црниот дроб било запрено, а потоа детето било испратено во Универзитетскиот медицински центар Ниш.
Според неофицијални информации, тринаесетгодишно момче е рането денеска околу 13 часот во влашките планини кај Пирот, каде со татко му бил на лов.
Како што пишуваат српските медиуми, тој бил погоден со пет куршуми од сачмарка.
Дете со прострелна рана во пределот на бутот и бутната коска, повреда на главата, градниот кош и абдоменот по хируршки третман и дијагностички КТ во Пирот, е донесено во Ургентниот центар на УКЦ Ниш. Момчето е свесно, ориентирано и комуникативно – соопштија вечерва од Универзитетот во Ниш.
Следете не, не има насекаде