Претседателот на земјата, Меки Сал, изјави дека најмалку 40 луѓе загинале, а многу повеќе се повредени во автобуска несреќа во центарот на Сенегал во неделата.
„Длабоко сум тажен поради денешната трагична сообраќајна несреќа во Гниби, во која загинаа 40 лица, а многумина се тешко повредени. Испраќам искрено сочувство до семејствата на жртвите и им посакувам на повредените брзо закрепнување“, напиша претседателот Меки Сал на Твитер.
Во инцидентот учествувале два автобуса кои се судриле еден со друг, според Radiodiffusion Télévision Sénégalaise (RTS).
Западноафриканската нација ќе одбележи тридневна национална жалост за жртвите од 9 јануари, најави претседателот. Причината за несреќата се уште не е позната, пишува CNN.