декември 24, 2024

Во конфликтот хулиганите користеле палки и факели

Непосредно пред натпреварите на нивните клубови во Серија А, навивачите на Наполи и Рома имаа жестока пресметка на автопатот. Судирот се случил на истото место каде пред 15 години беше убиен навивач на Лацио. Во конфликтот хулиганите користеле палки и факели, а навивачите наводно биле избодени со нож.

Новинарот Симоне Гуадањо известува дека двајца навивачи на Рома се во болница и дека еден е во тешка состојба. Тепачката се случи кога наполитанците отпатуваа за Џенова на мечот со Сампдорија, додека Римјаните беа на пат за Милано каде „Вучица“ игра против „Росонер“, а дербито започнува во 20 часот и 45 минути.

Ancora nulla di ufficiale. Prime ricostruzioni parlano di due tifosi giallorossi accoltellati, uno grave in ospedale. Un vessillo della #Roma sarebbe finito nelle mani dei tifosi del #Napoli. Stesso autogrill dove nel 2007 perse la vita Gabriele Sandri. https://t.co/VspnZioQTf pic.twitter.com/RKzngyhKhx

— Simone Guadagno (@SimoneGuadagnoo) January 8, 2023

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK