декември 24, 2024

Демонстрантите се обидоа да влезат и во Претседателската палата

Бразилската полиција денеска се судри со приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во главниот град Бразилија, откако некои демонстранти упаднаа во зградата на Конгресот.

Демонстрантите се обидоа да влезат во претседателската палата, но претседателот Луис Инасио Лула да Силва не беше во палатата, пишува Блумберг.

Bolsonaro supporters invaded the area of the Brazilian Congress in Brasilia this Sunday. Police is using tear gas to try to contain the demonstrators https://t.co/aeaAUkGyti

— Caio Quero (@caioquero) January 8, 2023

Полицијата употреби солзавец и бибер спреј во обид да ги спречи демонстрантите, јавуваат локалните медиуми.

Демонстрантите во жолти и зелени маици нападнаа неколку полициски возила кои ја обезбедуваа зградата, јави агенцијата ЕФЕ, пренесува Дојче веле.

BREAKING : Supporters of #Brazil‘s Fmr Prez. Bolsonaro storm into Planalto Presidential Palace + National Congress, clash w Police. Video: pic.twitter.com/02oSJY99RL

— Joyce Karam (@Joyce_Karam) January 8, 2023

Тие ја уништија и заштитната бариера што води до зградата на парламентот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK