април 21, 2026

Хрватскиот тренер Нико Ковач наскоро би можел да стане нов тренер на Борусија Дортмунд.

Членовите на бордот на Борусија сакаат да го доведат Ковач како замена за Нури Шахин, кој беше отпуштен во средата.

Германските медиуми јавуваат дека челниците на Борусија одлетале за Салцбург на тајна средба, со намера да постигнат договор со 53-годишниот тренер за краткорочен договор.

„Дортмунд сака да го доведе Ковач, но поранешниот тренер на Баерн и Франкфурт не сака да биде „пожарникар“, што јасно им го кажа“, напиша инсајдерот, Патрик Бергер за целата ситуација.

Германскиот новинар на крајот нагласи дека жолто-црните гледаат резервна опција во Данецот Мајк Тулберг, кој е тренер на младинските тимови на Борусија.

Ковач целата своја кариера ја помина во Германија, тренирајќи ги Ајнтрахт, Баерн и Монако, а беше и селектор на Хрватска.

Дортмунд е 11. во поредокот со седум победи, седум порази и пет нерешени во домашното првенство.

Share

The post Ковач ќе ја преземе Борусија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK