април 21, 2026

Објавен е официјалниот портрет на првата дама на САД, Меланија Трамп.

Фотографијата е направена од белгиската фотографка Реџин Махо, која го фотографира семејството Трамп повеќе од 20 години.

Фотографијата е направена на 21 јануари 2025 година. Реџин го направи и официјалниот портрет на Меланија Трамп во 2017 година.

„Навистина ми е чест што ме избраа повторно да го снимам портретот. Како уметник, голема привилегија е да се работи со таква инспиративна жена. Таа е перфекционист“, изјави таа за Би-би-си.

Сопругата на Доналд Трамп позираше потпрена на маса во Белата куќа. За таа прилика, таа носеше сако од Долче и Габана, кое може да се најде на интернет за речиси 3.000 долари (околу 2.870 евра).

Share

The post Објавен официјалниот портрет на Меланија Трамп appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK