април 21, 2026

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ отфрлил профитабилна понуда од Саудиска Арабија, според која требало да стане нов играч на Ал Наср и соиграч на Кристијано Роналдо.

Според информациите на познатиот италијански новинар Џанлука ди Марцио, Влаховиќ не ни размислувал за опцијата да ја напушти Европа, иако финансиската понуда била крајно примамлива.

Шпекулациите за иднината на напаѓачот на Јувентус продолжуваат, а приказната за неговиот потенцијален трансфер стана една од главните теми на преодниот рок.

И покрај ова, Влаховиќ засега останува во Торино, каде неговиот статус во тимот стана неизвесен со доаѓањето на Рандал Коло Муани.

Share

The post Влаховиќ одбил профитабилна понуда од Саудиска Арабија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK