април 21, 2026

На 26.01.2025 околу 23.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.Т.(33) од Штип. Тој бил затекнат при извршување разбојничка кражба во куќата на Л.П. во Штип, при што одзел пари, накит и други предмети.

Откако бил забележан од сопственикот, тој се обидел да побегне и започнал физичка пресметка со него.

Ј.Т. бил задржан во полициска станица и кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK