септември 19, 2024

Десничарскиот екстремист Стефан Балиет, кој беше осуден за терористичкиот напад во Хале во 2019 година, зеде двајца затворски чувари како заложници во Германија, но подоцна беше совладан од други чувари

Десничарскиот екстремист Стефан Балиет, кој беше осуден за терористичкиот напад во Хале во 2019 година, зеде двајца затворски чувари како заложници во Германија, но подоцна беше совладан од други чувари, соопштија германските власти денес.

Инцидентот се случил синоќа во затворот во Бург во источната покраина Саксонија-Анхалт.

Германското Министерството за правда информираше дека Балиет држел двајца членови на персоналот како заложници во затворот, но по кратко време бил совладан од други чувари. Напаѓачот во инцидентот е повреден.

Сѐ уште не е јасно како дошло до заложничката ситуација. Државниот завод за криминалистички истраги на Саксонија-Анхалт започна истрага.

Полицијата распореди вооружени службеници пред затворот, откако се дозна дека Балиет држел заложници.

Балиет заканувајќи се со пиштол се обидел да влезе во градската синагога во Хале на 9 октомври 2019 година за да ги убие луѓето што се собрале таму.

Откако не успеал во тоа, пукал во случаен минувач пред зградата, а набргу потоа и во гостин во кафеана.

За време на судењето, се покажа дека тој првично сакал да упадне во џамија или центар на антифашистичката група Антифа, бидејќи мислел дека тие биле помалку чувани. Тој рече дека првенствено сакал да ги убие Евреите бидејќи, според него, тие стојат зад имиграцијата на муслиманите во Европа.

Балиет за две убиства и 68 обиди за убиство во 2021 година беше осуден на доживотен затвор со последователен превентивен притвор.

AA

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK