Грците избраа кој ќе ги претставува на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Базел, Швајцарија.
Учествуваа 12 песни, а телевизиската мрежа ЕРТ ги повика граѓаните да гласаат за својот фаворит. Покрај публиката, својот глас го дадоа и членовите на националното и меѓународното стручно жири.
Победник на натпреварот е Клавдија Пападопулу со песната „Астеромата“.
Клавдија доби 44 поени, а второпласираната Евангелија со песната „Вале“ 42 поени.
The post (Видео) 22-годишната Клавдија ќе ја претставува Грција на Евровизија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
