1792.- Со мировниот договор во Јаши завршила Руско-турската војна, која Османлиското царство ја почнало во август 1787 година. Реката Дњестар станала граница меѓу двете земји, но Русија го добила црноморското приморје меѓу реката Буг и Дњестар со градот Очаков, а бил потврден и документот од 1783 година за припојување на островите Крим и областа Кубан кон Русија.
1793.- Французинот Жан Пјер Бланшар го извел првиот лет со балон над северноамериканскиот континент.
1856.- Во Неготин е роден Стеван Мокрањац, спрски композитор, музички педатог и академик. Неговото музичко дело извршило големо влијание врз подоцнежните генерации композитори и се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Умрел во Скопје, на 28 септември 1914 година.
1856.- Роден е Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет и најизразит претставник на реализмот во словенечката литература. Покрај епската поезија, особено му се познати баладите и романсите. Умрел во Љубљана, на 10 јуни 1913 година.
1873.- Умрел францускиот државник Шарл Луј Наполеон Трети Бонапарта, претседател на Франција од 1848 до 1852, цар до 1870 година. Со агресивна надворешна политика настојувал да ја зајакне Франција и да го зголеми нејзиниот имот. Основал неколку социјални установи. Во текот на неговото владеење Франција ги зазела Ница и Савоја, започнала со колонијално продирање во Индокина, успешно војувала во Кримската војна од 1854 до 1856 година против Русија во сојуз со Турција, Велика Британија и Сардинија, како и во 1859 година против Австрија и Италија. Во војната против Прусија, бил заробен на 1 октомври 1870 година во битката кај Седан со што бил тргнат од престолот, а Франција на 4 октомври истата година повторно станала република. По склучувањето мир со Прусија во 1871 година емигрирал во Англија каде и умрел.
1878.- Умрел италијанскиот крал Виторио Емануеле Втори, прв владетел на обиединета Италија, наречен „честит крал“. На престолот дошол во 1849 година како крал на Сардинија, а од 1861 година станал крал на обединета Италија. Доследно го почитувал парламентарниот поредок.
1890.- Роден е чешкиот писател Карел Чапек. Дела: „Мачни приказни“, „Разбојник“, „Хордубал“, „Метеор“, „Обичен живот“, „Патописи од Италија“, „Патописи од Англија“, „Зошто не сум комунист“ и други.
1899.- Во Париз е потпишан мировен договор со кој Шпанија се откажала од своите бивши колонии Куба и Порторико и ја прифатила окупацијата на Филипините. Тоа бил крајот на колонијалото царство на бившата велесила и почеток на напредокот на САД.
1905.- Колежот во Санкт Петрбург, наречен „Крвава недела“ (повеќе од 100 мртви и 5.000 ранети луѓе), го навести почетокот на првата руска револуција, која беше задушена со воен удар.
1908.- Родена е француската писателка Симон де Бовоар, егзистенцијалист, автор на романи, театарски текстови и филозофски есеи. Дела: романите „Мандарини“, „Убави слики“, „Другиот пол“, мемоарите „Спомените на добро воспитаните девојки“. Умрела во Париз, на 14 април 1986 година.
1909.- Во Прилеп е роден Рампо Левков – Левката, народен херој на СФР Југославија од Македонија, адвокат и поет. Поради својот револуционерен дух често бил затворан. Од есента 1941 година живел и дејствувал полуилегално и со голем успех работел на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ. Автор е на поемата „Бабуна“. Во Прилеп, по тешка тортура од страна на бугарската полиција, бил убиен со фрлање во варница, на 19 септември 1942 година.
1913.- Во Јорба Линда, Калифорнија, е роден Ричард Никсон, американски политичар и државник, претседател на САД (1969 до 1974 година), еден од раководителите на Републиканската партија. Тој е првиот американски претседател што ја посетил НР Кина (1972 година) и кој ставил крај на американската воена интервенција во Виетнам. За време на неговиот претседателски мандат се случила таканаречената афера „Вотергејт“. Умрел во Парк Рич, во Њу Џерси, на 22 април 1994 година.
1914.- Во Охрид е роден Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Учесник бил во НОВ на Македонија. Работеел како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје, а бил и уредник на списанието „Македонија“. Автор е на збирките раскази „Бојана“, „Акорди“, „Прстен“, „Раскази“, „Лебедова песна“, „Премиера“, како и на новелите „Вино за душите“ и „Грев“. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени „Плуто“. Умрел во Скопје, на 12 ноември 1973 година.
1922.- Роден е гвинејскиот државник и писател Ахмед Секу Туре, кој откако Гвинеја се стекнала со независност во 1958 година станал нејзин претседател. Претходно бил синдикален активист во Франција и во Западна Африка, а во 1956 година бил избран за пратеник во француското собрание. Дела: збирка песни „Борбени песни“, политички списи – „Гвинејското искуство и африканското единство“, „Африка и револуцијата“, „Да се брани револуцијата“, „Моќта на народот“.
1941.- Родена е американската пејачка Џон Баез, борец за човекови права, која во текот на Виетнамската војна силно се противела на воената интервенција на САД во Индокина, што имало и огромен оддек во јавноста, посебно меѓу младите генерации.
1945.- По компромитирањето со агресијата врз Египет во октомври 1956 година, британскиот премиер Ентони Идн поднесол оставка.
1962.- Советскиот сојуз и Куба потпишале спогодба за трговска соработка врз чија основа Куба со години добиваше стока по вештачки ниски цени.
1964.- Американските трупи во Панама ги задушиле студентските демонстрации против присуството на САД во зоната на Панамскиот канал, усмртувајќи 22 панамски студенти.
1996.- Чеченски исламски терористи ја зазеле болницата во дагестанскиот град Кизлар во јужна Русија и зеле 2.000 заложници.
2002.- САД ја изградиле првата база во бившата советска република Киргизија. Од оваа база, која е прва на територијата на некогашниот Советски Сојуз, односно Заедницата на Независни Држави, САД го контролираат воздушниот простор во Авганистан, но и на цела Централна Азија.
2004.- Турција го потпишала протоколот за укинување на смртната казна дури и за време на војна, во настојување да ги задоволи стандардите на Европската унија за да може да ги отпочне преговорите за влез во ЕУ.
2015.- Род Тејлор, легендарниот актер познат по улогата на Мич Бренер во филмот „Птици“ на Алфред Хичкок, починал на возраст од 84 години. Роден е во Австралија, а за време на долгата кариера се појави во многу филмови, меѓу кои и „Временска машина“, The Train Robbers“ и во филмот на Квентин Тарантино „Неславни копилиња“. Сепак, ќе остане запомнет токму по улогата во „Птици“, која него и колешката Типи Хедрон ги вивна во ѕвездите.
2015.- На 77-годишна возраст во Тирана починал Цветан Мазнику, првиот претседател на Македонската заедница во Албанија. Дипломирал на Факултетот за рударство во Санкт Петербург. Од 1990 година активно почнал да го собира народно творештво од областа на Голо Брдо. Автор е на повеќе дела кои го опфаќаат богатото културно и духовно богатство на Македонците во Голо Брдо. Заедно со други Македонци издал шест книги од едицијата „Голобрдски фолклор“ кои се од огромен придонес за заштитата на македонскиот идентитет, јазик и култура на Македонците во Албанија. Цветан Зафир Мазнику, роден е во 1938 година во село Клење, Голо Брдо.
2018.- Љупчо Тозија режисер и поранешен амбасадор на Македонија во Италија почина во Скопје на 71 година. По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, Тозија речиси целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија (МТВ), се до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Италија. Беше автор, режисер, уредник на редакции до извршувањето задачи како директор и главен и одговорен уредник на МТВ од 2002 до 2005. Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови.
2019.- Во 84-та година од животот почина Милан Панчевски, долгогодишен општествено-политички работник во Социјалистичка Република Македонија и поранешната Југословенска федерација. Панчевски во својот работен век извршуваше повеќе одговорни високи државни функции на републичко и на тогашно сојузно ниво. Тој беше последниот претседател на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на СФР Југославија. По осамостојувањето на Република Македонија, се пензионира и се повлече од активното занимавање со политика, а беше почесен претседател на политичката партија Сојузот на комунистите во самостојна Македонија.
Следете не, не има насекаде