април 22, 2026

Манчестер сити заврши уште еден трансфер во зимскиот преоден ток. „Граѓаните“ го договорија трансферот на Нико Гонзалес од Порто.

Сити ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра. Од овој трансфер значителна сума ќе заработи Барселона. Кога Барселона го продаде Нико Гонзалес во Порто задржа право на 40 отсто од наредниот трансфер.

Пеп Гвардиола смета дека младиот Шпанец ќе биде добра замена за Родри, кој во септември ја заврши сезоната.

Нико е четвртото засилување за „Граѓаните“ во овој преоден рок. Претходно во клубот дојдоа Омар Мармуш, Витор Реис и Абдукодир Хусанов.

Со трансферт на Нико Гонзалес, Сити потроши 200 милиони евра во актуелниот преоден рок.

Share

The post Сити го договори и Нико Гонзалес, 24 милиони од трансферот одат во касата на Барселона appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK