Фудбалскиот клуб Партизан би можел да потпише со македонскиот репрезентативец Бојан Димоски.
Левиот бек од рускиот клуб Акрон би можел да пристигне во Белград на позајмица, со опција за откуп од 200.000 евра.
Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, пишува српски „Телеграф“.
Димоски е во Русија од летото 2023 година, а претходно играше една сезона во Вардар и три во Академија Пандев.
За репрезентацијата на Македонија досега има одиграно 18 натпревари.
The post Бојан Димоски пред трансфер во Партизан appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
