април 22, 2026

Кошаркарите на Денвер Нагетс на домашен терен славеа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 125:112. Никола Јокиќ и Мајкл Портер Јуниор го предводеа тимот до 31.победа во 51. натпревар во сезоната.

Денвер ја запиша третата победа во низа, а Јокиќ го забележа 23. трипл-дабл во сезоната. Натпреварот го заврши со 27 поени (9/13 од поле, 10/11 слободни фрлања), 14 скока и 10 асистенции за 36 минути на теренот.

Вкупно, Јокиќ има 152 трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната, 170 вклучувајќи го и плеј-офот. Ова беше деветти трипл-дабл за Јокиќ во претходните 11 натпревари.

За разлика од некои претходни дуели, Јокиќ имаше добра поддршка од соиграчите на мечот против гостите од Луизијана. Мајкл Портер Јуниор постигна 36 поени (7/12 за три), што е негов рекорд во сезоната. Интересно, тренерот Мелоун по натпреварот зборуваше за гласините дека Портер може да го напушти Денвер и остро ги демантираше таквите шпекулации.

Џамал Мареј додаде 20 поени (7/17 од поле), заедно со 8 асистенции, а Џулијан Стротер придонесе со 15 поени.

Треј Марфи, на спротивната страна го одигра најдобриот меч во кариерата, постигна 41 поен, 21 кош постигна во првата четвртина. Брилијантно го следеше Си Џеј Меколум (10/22 од поле) со 30 поени, а Зион Вилијамсон имаше 14 поени.

Јокиќ очекувано на прес-конференција беше запрашан да го коментира шокантниот трејд со кој Лука Дончиќ го напушти Далас. Јокиќ и Дончиќ се добри пријатели…

„Му испратив порака. Тоа, се разбира, никој не го очекуваше. Мислам дека во моментов тој само треба да биде со своето семејство. Тоа е голема промена. Ова е дел од работата, не знам. Никој не го очекуваше тоа, особено не тој. Мислам дека никој не е безбеден во оваа лига, така изгледа. Но, мислам дека тој ќе заврши добра работа бидејќи е играч за големата сцена, иако мислев дека има нешто посебно во Далас. Изгледа дека така морало да биде“, изјави Никола Јокиќ.

Share

The post (Видео) Јокиќ го забележа 23. трипл-дабл во сезоната па проговори за Лука Дончиќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK