декември 24, 2024

„Божиќ е време кога нормалните луѓе размислуваат за мир, а не за агресија. Предлагам Русија барем да се обиде да докаже дека може да се откаже од агресијата“, истакна Зеленски.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, ја повика Русија да ги повлече своите трупи од украинската територија за време на претстојниот божиќен период.

Тој преку видео конференција, присуствуваше на онлајн состанок, кој се одржа со учество на лидерите на земјите од Г7.

Наведувајќи дека во неговата земја со месеци се води војна, Зеленски посочи дека им се благодарни на земјите од Г7 за нивната воена, социјална и финансиска помош за Украина.

Зборувајќи дека на Украина и е потребна силна солидарност додека војната продолжува, Зеленски рече: „Ве молам сите вас да продолжите да покажувате солидарност и следната година. Русија ја продолжува својата агресија и затоа поддршката за Украина мора да продолжи“.

Истакнувајќи дека Русија има повеќе ракетни и артилериски системи во споредба со Украина, Зеленски рече дека треба да се зголеми помошта во оружје за неговата земја.

„На Украина и требаат модерни тенкови. На Украина и требаат постојани артилериски системи, оружје и поддршка од гранати“, рече Зеленски.

Тој наведе дека руската војска се обидува не само Украина, туку и европските земји да ја повлече кон енергетска катастрофа, таргетирајќи ги критичните енергетски инфраструктури во Украина.

Повикувајќи ја Русија да преземе неопходни чекори во процесот на изнаоѓање конкретно решение, украинскиот претседател потсети дека Божиќ ќе се слави ширум светот во наредните денови.

Тој ја повика Русија да ги повлече своите војници од Украина за време на празникот.

„Божиќ е време кога нормалните луѓе размислуваат за мир, а не за агресија. Предлагам Русија барем да се обиде да докаже дека може да се откаже од агресијата. Би било правилно да започне повлекувањето на руските трупи од меѓународно признатата украинска територија овој Божиќ. Ако Русија ги повлече своите трупи од Украина, ќе се обезбеди сигурен крај на конфликтот“, рече Зеленски.

Тој додаде дека сега ќе чека вести од Москва.

TRT Balkan / агенции

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK