април 23, 2026

Пари Сен Жермен се пофали дека ја продолжил соработката со тренерот Луис Енрике и со тројца важни првотимци: Ашраф Хакими, Витиња и Нуно Мендеш.

Очигледно, на задоволство на двете преговарачки страни, бидејќи шпанскиот стручњак, неговите избраници и претставници на управата се сликаа со широки насмевки, јасно убедени дека нивната заедничка работа во иднина ќе биде уште поуспешна.

„Многу сум среќен што ќе ја продолжам работата во ПСЖ. Овде се чувствувам многу удобно. Имаме се што е потребно за да работиме во најдобри услови. Мислам дека ни претстои светла иднина и се надевам дека заедно ќе постигнеме голем успех”, изјави во оваа прилика поранешниот играч и тренер на Барселона, а сега шеф на стручниот штаб на „светците”.

Луис Енрике го презеде ПСЖ во 2023 година и во меѓувреме го предводеше до уште една титула во Лига 1, трофејот во Купот на Франција и две титули во Суперкупот.

Фудбалерите Хакими, Витиња и Нуно Мендеш се обврзаа да останат во Париз до 2029 година.

Во истиот пакет беше парафирана соработка со тројца талентирани момци од клупската академија, па Јорам Загу доби договор до 2028 година, а Ибрахим Мбаје и Науфел Ел Ханак до 2027 година.

Share

The post Тренерот и тројца играчи потпишаа нови договори со ПСЖ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK