април 23, 2026

Работник бил тешко повреден вчера во каменолом во Росоманско, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 11.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во каменолом во близина на село Дебриште, општина Росоман, К.К.(61) од Кавадарци, додека вршел работни задачи, управувал товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопштија од СВР Велес.

Синоќа во 18.30 часот во ОВР Кавадарци, Е.Н.(22) од Кавадарци пријавила дека на улица „Вишешница“ во Кавадарци била физички нападната од В.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK