април 23, 2026

Лејтон Ориент, води по првиот дел против Манчестер сити, во натпреварот од четвртото коло во ФА купот..

Третолигашот од источен Лондон, во 16.минута ги шокира „граѓаните“ со спектакуларен гол.

Џејми Донли, кој штотуку наполни 20 години, му ја украде топката на Нико Гонзалес (прашање е дали имаше фаул), кој дебитираше за Сити, а потоа стрелаше од речиси половина терен, ја погоди гредата, но неговиот удар се одби од ногата на Стефано Ортега и заврши во мрежата.

Само пет минути подоцна теренот поради повреда мораше да го напушти Нико Гонзалес.

Шпанецот пред неколку дена пристигна во Манчестер сити од Порто за сума од 60 милиони евра.

Share

The post (Видео) Сити прими гол од половина терен, губи на полувреме од Лејтон Оријент appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK